Многу луѓе секојдневно оставаат работи во бањата за да бидат на дофат, без да размислуваат за можните последици по нивното здравје. Иако на прв поглед безопасни, оставањето одредени предмети „на отворено“ всушност може да биде идеално место за размножување на бактерии и мувла.
Тоалетната хартија е еден од предметите што најчесто е изложен на влага и нечистотија, особено ако се чува надвор од затворени ормари. Влагата е погодна за раст на мувла, а честичките што се шират низ воздухот при пуштање вода во тоалетот можат дополнително да го контаминираат – без оглед на тоа дали капакот е спуштен или не.
Слична е ситуацијата и со пешкири, памук и стапчиња за уши. Меките материјали како што се крпите лесно апсорбираат штетни честички што се распрснуваат со секое пуштање вода. Ваквите крпи, иако изгледаат чисти, можат да станат извор на бактерии кои потоа доаѓаат во контакт со кожата на лицето и рацете.
За да се избегне ширењето на бактерии и мувла, важно е да се чуваат неискористените пешкири, тоалетна хартија и слични предмети во затворени ормари или садови што спречуваат акумулација на влага и бактерии.
Користените пешкири треба редовно да се менуваат, а најдобро е резервните текстилни материјали да ги чувате надвор од бањата, во сува и чиста просторија.