Студија: Поголеми количини млеко го зголемуваат ризикот од сериозни болести кај жените

popara21 јануари, 20251min00
Neat,Attentive,Woman,Poring,Milk

Новото истражување покажа дека редовното консумирање на големи количини млеко може негативно да влијае на вашето здравје и да доведе до посериозни болести.

Пиењето млеко може да го зголеми ризикот од срцев удар за околу половина од населението, покажа новото истражување.

Научниците од Универзитетот во Упсала во Шведска заклучија дека консумирањето 400 милилитри млеко дневно е поврзано со пет отсто поголем ризик од развој на коронарна срцева болест.

Поголемата количина на лактоза во кравјото млеко може да предизвика оштетување на клетките, забрзувајќи го процесот на стареење на срцето.

Истражувањето било спроведено на повеќе од 100.000 испитаници и покажало дека млекото најмногу влијае на жените, додека мажите не доживуваат таков ефект при консумирање на пијалокот.

Меѓутоа, луѓето пијат помалку млеко од загрижувачката доза. Во Обединетото Кралство, просечен човек пие 171 милилитар дневно. Се смета дека ризикот е зголемен кај жените поради нивниот генерално поголем ризик од срцеви заболувања.

Откриено е дека жените кои пијат нешто помалку од половина литар дневно имаат 12 отсто поголеми шанси да развијат срцеви заболувања, пренесува Net.hr.

Лекарите препорачуваат во исхраната да се внесе јогурт наместо млеко.

„Нашата анализа ја поддржува поврзаноста помеѓу внесот на млеко поголем од 300 ml на ден и повисоките стапки на срцеви заболувања и миокарден инфаркт, особено кај жените, но не и кај мажите“, објасни професорот Карл Михалсон.

Исто така, ризикот кај жените беше очигледен без оглед на содржината на маснотии.

„Замената на неферментираното млеко со ферментирано млеко, консумирано во умерени количини, може да ги намали ризиците“, советуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *