
Потребно е:
1 шолја ориз
3 чаши вода
500 мл млеко од соја
6 супени лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
1 шака ореви
Подготовка:
Оризот измијте го, па сварете го на тивок оган. Додадете млеко од соја, па варете уште малку. Во еден сад измешајте го пудингот со шеќерот и малку млеко од соја. Додадете во оризот со постојано мешање додека не се згусне. Истурете во чинии за сервирање. Украсете со ореви.