ТИРАМИСУ ТОПЧИЊА: Совршен спој на мали колачиња и познатиот италијански десерт

popara19 април, 20251min00
120416_shutterstock-1735733903_f

Потребно е:

3 мали пакувања колачиња
1 лажичка инстант кафе
100 ml вода
2 лажици шеќер
1 лажица рум
250 гр сирење маскарпоне
млечно чоколадо
слатко какао

Подготовка:

Истурете го кафето во шолја и додадете топла вода. Потоа промешајте, па додајте шеќер и рум. Потоа промешајте и истурете го кафето во сад. Бисквитите изблендирајте ги, додајте го кафето, додадете го маскарпонето и сè заедно измешајте. Потоа покријте го со фолија и оставете го во фрижидер половина час. Мал дел од смесата намачкајте ја на дланката, а потоа додадете го растопеното чоколадо. Направете топчиња со раце и валкајте во какао. Оставете неколку часа во фрижидер и послужете. Добар апетит!