
Ако сте планирале вечерно дружење додека надвор е студено и врнежливо, или едноставно сакате да се почастите за викендот – имаме одлична идеја. За само неколку минути, подгответе топло чоколадо со џин и уживајте во двојно загревање.
Топло чоколадо со џин – состојки:
150 г темно чоколадо
150 г млечно чоколадо
150 мл млеко
200 мл густа павлака
2 лажици шеќер
50 мл џин
по желба маршмелоу
Топло чоколадо со џин – подготовка:
-Скршете го чоколадото на мали парчиња.
-Измешајте ја павлаката, млекото и шеќерот и ставете ги во длабок сад.
-Кога смесата од млеко ќе зоврие, намалете ја топлината, додадете го чоколадото и мешајте постојано додека не добиете мазна, компактна и густа смеса.
-На самиот крај, истурете го џинот. Сервирајте во чаша, а по желба додадете маршмелоу.
Совет: Ако сакате погуста смеса, додадете малку помалку млеко. Ако сакате екстра густо топло чоколадо, измешајте една лажичка згуснувач со малку вода и додадете го во стопеното чоколадо на самиот крај.