Травел блогерка Вита Молине денеска го сподели своето искуство од патувањето во италијанскиот град, кој многумина го нарекуваат озлогласен. Станува збор за Неапол, кој се наоѓа на југот на Италија.
Во напис за Express.uk, блогерката Вита откри како реагирале нејзините пријатели кога дознале дека патува во овој италијански град со нејзиниот брат.
„Овој раздвижен град има лоша репутација, но јас ја сакав секоја секунда од моето патување таму. Кога брат ми и јас го резервиравме нашето патување во Италија, сакавме да одиме на малку поинакво место“, напиша таа.
Бидејќи веќе биле во Монеља, место кое се наоѓа во близина на популарната Чинкве Тере, како и во Фиренца и Сиена, овојпат се одлучиле за Неапол, кој, како што вели, е познат по пицата, раздвижениот ноќен живот и прометните калдрми.
„Ни го опишаа како ужасно, опасно и страшно место. Изненадена од таквите реакции, ги проверив социјалните мрежи и најдов многу видеа од луѓе кои зборуваат зошто никогаш нема да се вратат во Неапол, велејќи дека градот има „чувство како како да ќе ги киднапираат“ и дека е еден од најопасните градови во светот“, рече таа.
Таа признава дека не била рамнодушна, но смета дека тоа била добра лекција зошто не треба да верувате во се што ќе видите на интернет. Сепак, таа истакнува дека Неапол се разликува од другите италијански градови кои ги посетила.
„Секако беше малку запуштено, со патишта со дупки и графити на ѕидовите. Сепак, има нешта што ќе ви се допаднат“.
„Бидејќи летот ни беше одложен,пристигнавме во Неапол дури еден часот по полноќ, а нашиот домаќин на Airbnb се задолжи лично да дојде на аеродромот и да не земе за да се смириме. Ова беше увид во неверојатните луѓе на Неапол и нивната добрина“, објасни таа.
Првиот ден го посетија Quartieri Spagnoli, лавиринт од калдрма и бројни пазари, излози и украсени куќи, а атмосферата во градот била возбудлива. Тие ја посетија и тврдината Кастел Сант Елма од која се нуди прекрасен поглед на градот. Но, таа била фасцинирана од друга работа.
„Друга неверојатна работа во врска со Неапол е колку е блиску до античкиот локалитет Помпеја, место кое сакав да го посетам уште од детството. Древното село кое исчезна во ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера е едно од најдобро зачуваните историски места во светот, со сè, од домови до дворови и лозја.
По враќањето во Неапол, тие го доживеале шармот на ноќниот живот, каде се напиле и ја вкусиле познатата неаполска пица.
„Поминавме три дена во Неапол и ја сакавме секоја минута од него. Да, има метеж и да, преминувањето на патот бара храброст и општо непочитување на вашиот живот, но тој е толку жив. Верувајте ми, треба“, заклучи таа.