Три златни правила заради кои Италијанките се едни од најдобро облечените жени на светот

popara7 февруари, 20251min00
63011615-giovanna-engelbert

Францускиот стил е идеална модна инспирација за дами кои сакаат едноставност и лежерност во облеката без напор, а за оние дами кои сакаат повозбудливи модни игри, тука е италијанскиот стил. Рамо до рамо, Французинките и Италијанките се познати како едни од најдобро облечените жени во светот, а во продолжение прочитајте за трите златни правила на нивниот стил.

1. Се облекуваат за себе и за другите

За Италијанките убавото облекување е многу повеќе од интерес за модата. Тие секогаш сакаат да остават добар прв впечаток, па затоа им е важно да бидат добро облечени, но грижата за тоа што го носат е и израз на почит кон луѓето. Грижата за вашиот изглед е дел од италијанската култура, а тоа покажува дека сте усвоиле добри манири. Италијанка нема да дојде на лежерно кафе со пријателка во дуксер и патики. Ќе се дотерува за себе и за нејзината пријателка.

Важно е да се истакне дека тоа не значи дека таа ќе биде облечена од глава до пети во некои скапи или посебни парчиња. Всушност, на неa можете да го најдете наједноставниот аутфит, составен од парчиња по пристапни цени, но ќе биде во склад со локацијата и приликата. Кога станува збор за посебни прилики, Италијанките не се минималисти како Французинките. Всушност, тие сакаат да импресионираат и ќе се потрудат да воодушеват со својот стајлинг.

Paola Turani

2. Обрнуваат внимание на кројот

Италијанките нема да ги видите, на пример, во премногу долги панталони или премногу кратки јакни. На нив сè ќе биде на свое место. За Италијанките, добриот крој е клучот за добро облекување и секое парче е прилагодено на нивната фигура. Тие не се големи љубители на тренди предимензионирани парчиња кои целосно ја бришат линијата на телото, но нема да посегнат ниту по премногу тесни парчиња кои се држат до фигурата.

Giovanna Engelbert

3. Чевли и чанта како крунa на секоја комбинација

Имајќи предвид дека во својата земја лесно можат да најдат некои од најквалитетните чевли и чанти во светот, не е ни чудо што толку многу ги сакаат. Италијанките навистина сакаат додатоци како шалови, очила за сонце и накит, но кога немаат време за модни игри, само ќе се погрижат да го заокружат својот аутфит со добри чевли и соодветна чанта. Во својот гардеробер секогаш имаат класични модели на чевли и чанти, кои ги надополнуваат со комбинации направени со повпечатлива облека, но и поекстравагантни варијанти кои ги комбинираат со едноставни парчиња облека.

Alessandra Mastronardi