
Ако мислевте дека млечните нокти и cat eye се најделикатните трендови на оваа сезона, време е да ја запознаете нивната попрефинета сестра – свилените нокти.
Овој хит моментално ги освојува социјалните медиуми, а причината е јасна: тоа е маникир кој изгледа елегантно, природно и совршено одговара на секоја пригода, а она што го разликува од другите неутрални маникири е неговиот суптилен сјај.

Што точно се свилени нокти?
Овој тренд е создаден од познатиот техничар за нокти Ирам Шелтон, и е препознатлив по својот транспарентен бел лак кој создава свилен ефект на ноктите, или поточно – свилен превез.
За разлика од класичниот млечен маникир, верзијата со свилен превез е уште понежна и суптилна – толку дискретна што ноктите изгледаат природно негувани, но сепак доволно софистицирани за да го воздигнат целиот ваш изглед.

Не е ни чудо што сè повеќе невести го избираат за нивниот голем ден – ноктите со свилен превез зрачат со безвременска елеганција, минимализам и ненаметлива софистицираност.

Како да се постигне ефектот на свилен превез, silk veil?
Најдобро е да им го препуштите на професионалците, но ако сакате да експериментирате дома, посегнете по полупроѕирни бели или розови лакови. Нанесете ги во тенок слој и завршете со високосјаен завршен слој – тоа е трикот за постигнување на ефектот на свилен превез. И најдобро би било да најдете лак со суптилни светки за да го нанесете помеѓу.
Ноктите со свилен превез се вистински доказ дека понекогаш помалку е всушност повеќе. Нежни, женствени и секогаш во тренд, тие изгледаат подеднакво добро и на работа и на свадба. Ако барате маникир што ги комбинира природноста и софистицираноста, токму го најдовте.
