
Перењето пешкири не е толку лесна задача како што изгледа.
Иако многу луѓе внимателно го дозираат детергентот, користат омекнувач и ги следат сите совети за сушење, пешкирите често остануваат груби, тврди и брзо ја губат својата впивливост, пишува Jutarnji.hr.
Меки, чисти крпи, без премногу хемикалии.
Експертите, сепак, тврдат дека постои начин да се избегне ова – и сè што ви треба се три лажици сода бикарбона.
Овој едноставен метод ги воодушевува домаќинките низ целиот свет, а доаѓа од Турција.
Што треба да знаете:
Перете ги пешкирите на повисоки температури – идеално помеѓу 40 и 60 степени, бидејќи доаѓаат во контакт со кожата и влагата, што ги прави погодни за развој на бактерии.
Избегнувајте омекнувачи – тие ги премачкуваат влакната и ја прават ткаенината поцврста и помалку впивлива.
Користете сода бикарбона – додадете три лажици директно во барабанот на машината. Содата бикарбона ги неутрализира непријатните мириси, ги уништува бактериите и ги прави крпите помеки и поапсорбирачки. Безбедна е за кожата и има антибактериски својства.