
Сопственичката на мачка Никола сакала да провери дали нејзиното милениче Мила се смирило и научило да не си игра со елката, но експериментот не успеал за само неколку минути.
Снимката од домашна безбедносна камера на која се гледа седуммесечно маче како соборува елка стана хит на TikTok и насмеа илјадници луѓе.
Од моментот кога ја украсиле елката во дневната соба, Мила постојано се обидувала да се протне под гранките. Веќе првата вечер, таа успеала да скрши неколку украси, па Никола и нејзиниот партнер решиле да ја избркаат од дневната соба секогаш кога не се во близина.
Сепак, тие решиле да ѝ дадат уште една шанса. Пред да излезат на шопинг, ѝ дозволиле пристап до дневната соба, верувајќи дека се смирила.
Кога се вратиле дома, ги пречекал хаос.
Само 25 минути откако си заминале, камерата го снимила моментот кога Мила се искачила на елката, која потоа се срушила со неа. Мачката потоа избегала како ништо да не се случило.
Никола го објави видеото на TikTok, не очекувајќи многу, но во рок од два дена клипот собра речиси 400.000 прегледи и повеќе од 75.000 лајкови.
Никола истакна дека Мила е сосема безбедна и дека веднаш се вратила на своето живо однесување. Откако ја срушила елката, се чини дека сепак ја добила пораката, бидејќи повеќе не ѝ се приближува.