
Ви треба:
200 г фино младо сирење
2-3 лажици павлака
2 чешниња лук
1 лажичка лута пиперка
прстофат мелен црвен пипер
сол
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Во еден сад измешајте го пасираното сирење, павлаката и лук. Потоа додадете мелен пипер, лута пиперка и масло. Изблендирајте сè во блендер. Доколку е потребно, додадете сол, а потоа оставете половина час во фрижидер.