УСПЕШЕН ТРИК ЗА ПОБРЗО ЗАПИВАЊЕ

popara21 март, 20251min00
Screenshot_1

Јутјубер споделил „воен трик“ за заспивање за којшто тврди дека може да ви помогне брзо да заспиете, а неговите следбеници исто така го пофалиле.

 

 

 

За оние кои навечер не можат да заспијат веднаш, туку се превртуваат со часови во кревет, сигурно е корисно да знаат трикови кои можат да им помогнат со несоницата.

 

Добар сон навечер е круцијален и за нашето здравје, а борбата со спиењето може да биде и заморна, но и да сигнализира некои проблеми.

 

Јутјуберот Џастин Огустин споделил трик за спиење за којшто тврди дека може да влијае на тоа да заспиете за две минути доколку редовно и доволно долго го употребувате, како што им објаснил, пренесува „Express“.

 

Џастин раскажал дека оваа метода е развиена за да им помогне и на војниците кои мора да бидат фокусирани и внимателни, што е тешко да го постигнат доколку не спијат доволно.

 

Со оглед на тоа што не дал доволно детали за тоа кој точно го измислил овој трик, останува недоволно истражено дали тоа навистина бил некој војник или тоа е модифицирана психолошка техника.

 

Демонстрирајќи ја техниката, објаснил: „Прво мора да го смирите телото и да се опуштите, секој дел од главата до стапалата, буквално. Почнете со релаксирање на мускулите од челото. Опуштете ги очите, образите, вилицата и фокусирајте се на дишењето. Опуштете го вратот и рамениците. Вашите раменици нека не бидат под тензија. Спуштете ги пониско колку што можете.

 

Замислете топла сензација која оди од вашата глава до вашите врвови од прстите. Вдишете длабоко и бавно издишете, опуштете ги градите и стомакот, колковите, колената, нозете, стапалата. Замислете дека таа тензија оди надолу до вашите стапала“.

 

Џастин вели дека тоа е клучот да ја „исчистите“ вашата глава од грижи. Се препорачува да замислите и две мирни места.

 

„Лежите во кану на мирно езеро и гледате во чистото, сино небо. Или лежите на црна лежалка во целосно црна соба“.

 

Доколку мислите почнат да ви лутаат, се предложува да си говорите себеси „не мисли на ништо“, 10 секунди. Доколку го правите ова секоја вечер во текот на шест седмици, тој тврди дека ќе може да заспиете во рок од две минути.