Фаталната манекенка конечно ја потврди врската со 20 години постариот Бредли Купер: Со бакнеж ги запалија социјалните мрежи

popara5 мај, 20254min00
GIGI-LEAD

По една година шпекулации и чести папараци снимки, Џиџи Хадид (30) и Бредли Купер (50) конечно јавно ја потврдија својата врска.

Манекенката Џиџи Хадид на својот Инстаграм сподели серија фотографии од роденденската прослава, вклучувајќи и една која ги изненади сите – на неа се гледа како се бакнува со својот партнер Бредли Купер.

Оваа објава не е големо изненадување со оглед на тоа што Џиџи и Бредли досега неколкупати се видени заедно, но избегнуваа јавно да ја коментираат својата врска.

Сепак, со објавата Џиџи не ја криеше среќата и благодарноста за сето она што го постигнала во животот, нагласувајќи дека е среќна што е мајка, сестра, пријателка и партнерка.

– Се чувствувам многу среќна што имам 30 години. Среќна сум за сите подеми и падови, за сите лекции и подароци што ми ги донесоа. Среќна сум затоа што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка и колешка на неверојатни луѓе“, напиша Џиџи во описот на својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

На роденденската прослава присуствуваа нејзините родители, сестра и бројни познати личности, меѓу кои и Ен Хатавеј и Рози Хантингтон-Вајтли.

Џиџи и Бредли станаа родители во претходните врски – таа со пејачот Зејн Малик, а тој со моделот Ирина Шајк. Сега, изгледа, уживаат во љубовта која се разви надвор од очите на јавноста.