Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97. церемонија на доделување на филмските награди Оскар. Фаворитите беа филмовите „Емилија Перез“, „Бруталист“, „Конклава“.
Филмот на Жак Одијар „Емилија Перез“ доби 13 номинации за Оскар. Филмот за промената на полот на мексикански трговец со дрога кој станува жена доби најмногу номинации, пред „Бруталист“, приказна за животот на еден еврејски имигрант и мјузиклот „Злобница“ кои добија по десет номинации. Со 13 номинации за Оскар и награда на Канскиот филмски фестивал, „Емилија Перез“ стана филм од неанглиското говорно подрачје со најмногу номинации во историјата на Оскарите.
Биографскиот филм за Боб Дилан „Целосно странец“ и трилерот за Ватикан, „Конклава“ добија по осум номинации. Пет номинации за Оскар доби уште еден француски филм, „Супстанца“ во режија на Корали Фаргеат, во кој Деми Мур игра поранешна холивудска ѕвезда зависна од серум за подмладување.
Церемонијата започна со традиционалното дефиле на црвениот тепих, како номинираните, поранешните оскаровци и гостите го презентираа нивниот избор на облека за церемонијата. На Оскарите им беше оддадена почит на пожарникарите кои се бореа со пожарите што го зафатија Лос Анџелес во јануари и поради тоа номинациите за Оскар беа објавени на интернет и два пати беа одложувани. Оваа година, новитет беше што оскаровците не држеа говори подолги од 45 секунди. Водител на церемонијата за прв пат беше комичарот Конан О’Брајан.
Најглавните шест категории оние за главна машка и женска споредна и главна улога, режија и најдобар филм. Како презентери се појавија Мајли Сајрус, Морган Фримен, Килијан Марфи, Вупи Голдберг, Квентин Тарантино, Ема Стоун, Мег Рајан, Били Кристал, Џон Лигтоу.
Оскарот за главна машка улога го доби Адријан Броди го доби вториот Оскар за аргитектот во филмот „Бруталист“, а во 2002 година стана најмладиот актер кој освоил Оскар за главна улога за филмот „Пијанист“. Во категоријата најдобра женска главна улога Оскарот го доби Мајки Медисон за „Анора“.
За споредна машка улога Оскарот го доби Киран Колкин за улогата во „Вистинска болка“, помладиот брат на Меколи Калкин, јунакот на филмот „Сам дома“. Кај жените тгриумфираше Зое Салдања која го доби Оскарот за најдобра женска споредна улога за мјузиклот „Емилија Перез“.