Филмот “Freaky Friday” по 22 години добива продолжение: Во главните улоги Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис

popara15 март, 20251min00
b_250315065

Речиси 22 години откако гледачите имаа можност да ја погледнат комедијата „Freaky Friday“, Дизни го објави првиот тизер трејлер за продолжението со наслов „Freakier Friday“ во режија на Ниша Ганатра.

Овој филм го одбележаа Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис во главните улоги, а според тврдењата на компанијата Walt Disney, продолжението носи меѓугенерациски пресврт. Приказната се одвива неколку години откако Тес, играна од Џејми Ли Кертис и Ана, која ја игра Линдзи Лохан, прво ги сменија телата.

Додека се обидуваат да ги спојат двете семејства, Тес и Ана се соочуваат со многу предизвици и откриваат дека гром може да удри двапати. Трејлерот открива дека овој пат не се работи само за замена на телото мајка-ќерка, туку за четворно заменување каде Ана, Тес, ќерката на Ана и маќеата се будат во сосема нови тела.

На Кертис и Лохан во продолжението им се придружуваат членовите на актерската екипа од оригиналниот филм, вклучувајќи ги Чед Мајкл Мареј, Марк Харомн, Кристина Видал Мичел, Хејли Хадсон, Лусил Сонг, Стивен Тоболовски и Розалинд Чао. Новите членови на актерската екипа се Мани Џасинто, Маитреја Рамакришнан, Софија Хамонс и Џулија Батерс.

Тизер-трејлерот за овој филм беше прегледан преку три милиони пати за само 21 час, и многумина носталгично потсети на старите филмови на Дизни, па некои од коментарите под видеото беа: „Едвај ја чекам премиерата. Кога го гледам ова, се чувствувам како да го гледам првиот „вистински филм на Дизни“ по долго време“.

Freakier Friday ќе има премиера во кината на 8 август оваа година, а потоа ќе биде достапен за гледање на платформата Disney+.