
Ви треба:
2-3 гранчиња свеж рузмарин
300 г брашно
15 г квасец (половина коцка)
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
2 дл млака вода
1 дл маслиново масло
малку крупна морска сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад растворете го квасецот и шеќерот со малку вода. Оставете да се активира. Просејте го брашното, потоа додадете измиено гранче рузмарин искинато на парчиња. Измешајте ги солта, квасецот, маслото и водата, па месете го тестото. Оставете го да отстои еден час. Направете квадратна форма и направете дупки во неа со крајот на сукало. Премачкајте со маслиново масло и наросете со рузмарин и крупна морска сол. Печете ја фокачата во рерна загреана на 180 степени, додека не добие златно-кафеава боја.