(ФОТО) Кети Пери се врати на Земјата после 11 минути во ракетата на Безос

popara15 април, 20252min00
Blue Origin space flight launches with six-member, all-female crew including singer Katy Perry

Ракетата New Shepard од Blue Origin на милијардерот Џеф Безос со целосно женска екипа слета назад на Земјата по 11 минути вселенски лет, пренесоа агенциите.

Шестчлената женска екипа, вклучително и поп-ѕвездата Кети Пери и партнерката на Безос, Лорен Санчез, слетаа во Тексас каде ги пречека тим кој ќе им помогне да закрепнат, јавува Би-Би-Си.

Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година, а како што беше предвидено, ракетата ја помина меѓународно признатата височина на која започнува вселената.

Патници на суборбиталната ракета Њу Шепард, заедно со Пери и Санчез, беа американскиот радиодифузер Гејл Кинг, научникот Ајша Боу, основачот на организацијата против сексуално насилство Аманда Нгујен и продуцентката Кериен Флин.

Kejti Peri

Blue Origin веќе неколку години нуди кратки патувања за вселенските туристи.

Досега успешно се спроведени десет, а во нив наводно учествувале вкупно 52 лица.

Основачот Безос беше на првиот лет во 2021 година.