
Шоуто „Saturday Night Live“ прослави 50 години од своето постоење, а специјалното издание на шоуто го одбележа британската актерка Ема Стоун, која се појави во црвен фустан со полни џебови со пуканки.
Актерката се прошета на црвениот тепих заедно со својот сопруг, поранешниот писател на SNL Дејв МекКари, во фустан кој предизвика „бес“ на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Стоун им позираше на фотографите, лежерно носејќи кутија со пуканки во рацете, но и црвен фустан од Луј Витон кој допираше до подот. Фустанот имаше два џебови кои беа исполнети со пуканки, додавајќи разигран допир на целата облека.
Фустанот имаше американска јака и гол грб, а заедно со џебовите напред, имаше исечок напред кој ги истакна нејзините нозе. Изгледот го комплетираше со соодветни црвени потпетици, а воедно ја истакна и нејзината пикси фризура.
View this post on Instagram
Набргу откако Стоун ја покажа оваа модна изјава, обожавателите на актерката се собраа на социјалните мрежи коментирајќи ги џебовите со пуканки.
“Кој не сака фустан со џебови со пуканки? Никој, тоа е кој! Ми се допаѓа и нејзината смисла за хумор. Изгледа прекрасно во црвено”, гласи еден коментар.
Тие напишаа и дека ова треба да го направат нормално, но и дека џебовите за пуканки се особено забавни со пораката: „Амин за џебовите“.
View this post on Instagram