ЦИМЕТ КОЛАЧИЊА: Совршено одат со чај или кафе, а подготовката е едноставна

popara17 февруари, 20251min00
114091_shutterstock-2296558717_f

Ви треба:

250 гр брашно + 1 лажичка прашок за пециво
120 гр шеќер во прав
1 кесичка цимет
100 гр маргарин
1 јајце

За декорација:

половина чаша шеќер во прав
1,5-2 лажици млеко
цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот во прав и циметот, па додадете го путерот исечкан на парчиња. Потоа додадете го јајцето и замесете тесто. Расукајте го на набрашнета работна површина до дебелина од 1 cm, па со калап извадете ја саканата форма. Печете 8 до 10 минути во рерна загреана на 160 степени. Измешајте ги шеќерот во прав и млекото и нанесете на секој бисквит. На крај, колачињата посипете ги со цимет.