Експертите го нарекуваат црниот дроб лабораторија на нашето тело и затоа е многу важно тој да е здрав. Кои природни сокови и лековити намирници ги сака нашиот црн дроб објаснува Ивана Ѓуровиќ, диететичар-нутриционист.
Таа прво препорачува сок од морков или рендан морков, особено ако имате замастен црн дроб.
– Сокот од морков или ренданиот морков се одлични за замастен црн дроб, а треба да се консумираат на празен стомак. Исто така, нашиот црн дроб сака лимони, мед од костен, домати, цвекло, сурови стебленца глуварче, од кои треба да јадеме околу 10 до 15 дневно. Јадењето што е можно повеќе во период од три недели ја поттикнува регенерацијата на црниот дроб. Јадете спанаќ што почесто како салата – вели Ивана.
Црниот дроб се наоѓа во горниот десен дел на абдоменот. Има три страни: горната која е испакната, долната која лежи на дебелото црево и желудникот и последната каде црниот дроб е споен со дијафрагмата. Спојот на горната и долната страна го претставува работ на црниот дроб, кој лесно се чувствува кога црниот дроб е зголемен или спуштен.
И сокот од ротквица е одличен за црниот дроб
Дозволено е да се пие максимум една кафена лажичка од овој сок дневно, што го поттикнува губењето на маснотиите.
Сокот од свежи листови од зелка е исто така многу ефикасен, бидејќи ја стимулира регенерацијата на црниот дроб.