
Ви треба:
1/2 кг мелено месо
1 конзерва сечкани домати
2 чаши говедска супа
1 чаша макарони
2 лажици путер
2 лажици брашно
2/4 чаша млеко
1 чаша рендано сирење
сол, бибер, зачини за вкус
Подготовка:
Пржете го меленото месо од сите страни, треба да потемни и течноста да испари. Зачинете по вкус, потоа пржете уште една минута. Додадете ги доматите, супата и макароните. Загрејте додека не зоврие, потоа намалете ја температурата и оставете да крчка околу 14 минути. Во друго тенџере, растопете го путерот, потоа додадете го брашното и мешајте постојано. Гответе на средна температура околу 5 минути, додека не добие убав мирис и не почне да потемнува. Потоа додадете го млекото и, мешајќи постојано, почекајте да зоврие. Гответе додека не се згусне и не исчезнат сите грутчиња. Тргнете од оган и додадете го ренданото сирење. Добро измешајте додека не се растопи целото сирење. Прелијте ја смесата со сирење врз веќе подготвените макарони и соединете.