Чизмите што ги имавме како деца се вистински есенски хит: Се носат од октомври до мај и сите ги сакаат (ФОТО)

popara5 октомври, 20251min00
1225825_shutterstock-1827557567_m

Гумените чизми кои нè спасуваа од дожд и барички во детството, направија голем камбек и станаа еден од водечките модни хитови оваа есен.

Практични и удобни, а воедно и водоотпорни, гумените чизми сега се многу повеќе од обична обувка за дождливи денови, тие се вистински моден детаљ.

Улиците на светските метрополи се полни со љубители на модата кои ги комбинираат со тесни фармерки или панталони, враќајќи нè во стилот од почетокот на 2000-тите.

Можете да ги најдете во различни дизајни и бои, па нема да ви биде тешко да го изберете вашиот омилен пар. Изгледаат многу уникатно и ако мислите дека им одговараат само на тинејџерки, се лажете. Без оглед на возраста, секоја жена може да изгледа одлично во различни пригоди со гумени чизми на нозете.

Иако некои сè уште ги перцепираат како робусни и несмасни, вистината е дека гумените чизми комбинираат функционалност и тренд, тие се совршени за дождливи есенски денови, а во исто време можат да го освежат и наједноставниот стил.

Доколку немате кодекс на облекување за на работа, можете да го освежите вашиот костум со гумени чизми. Не двоумете се да ги носите на прошетка или каде и да одлучите да одите, бидејќи се удобни и фенси.