Чизми направени за мини здолништа: Дакота Џонсон никогаш не ги соблекува, а деновиве има редици пред продавниците само за нив!

popara15 ноември, 20252min00
140530_profimedia-1022858029_f

Со години, модните инфлуенсери шетаат во ниски штикли, но Ив Сен Лоран одлучи да го врати времето назад, директно во диско ерата на 70-тите. Дакота Џонсон, Хејли Бибер и Ирис Ло се совршени за ова враќање на модата и го прифатија без двоумење.

Сè што носи Дакота веднаш станува тренд. Без разлика дали станува збор за смел фустан за црвениот тепих или удобни патики за секојдневни комбинации, нејзиниот стил речиси никогаш не е доведен во прашање.

За време на Филмскиот фестивал во Цирих, таа се појави во чизми кои веќе беа прогласени за хит на сезоната, а прогнозите се остварија.

Моделот „Nico“ на Ив Сен Лоран, чија цена достигнува 2.900 долари, сега е распродаден во повеќето продавници, а на официјалната веб-страница останаа само неколку броја. Оние кои се подготвени да платат толку многу, можат само да се пријават на листата на чекање.

Овој модел е висок до под колена, има масивна платформа и многу висока потпетица, која е сепак доволно широка за да обезбеди стабилност.

Изработени се од фина, мека јагнешка кожа, со кожен ѓон и заоблен врв во форма на бадем, детаљ кој е повторно во тренд оваа година.

Платформата е висока пет сантиметри, додека вкупната висина на потпетица оди до 15,5 сантиметри.

На горниот дел од стапалото има гравиран монограм „YSL“, а од страната има скриен патент. Иако изгледаат драматично, многу трендсетерки тврдат дека се изненадувачки удобни за носење. Тие се сосема спротивни на ниската „мачешка“ потпетица што доминираше во претходните сезони.

Нивниот нагласен, скулпторски дизајн покажува дека модната индустрија се враќа на погласен, повпечатлив стил и го напушта минимализмот што долго време владееше со обувките.

Како да ги носите во секојдневниот живот?

Едноставно, колку похрабро, толку подобро. Овие чизми бараат да бидат во центарот на вниманието, затоа комбинирајте ги со мини здолништа, кратки шорцеви или тесни фустани што ја следат линијата на телото.

Кој сака малку по„смирен“ изглед, може да ги комбинира со поголем џемпер или долг капут, контрастот изгледа брутално добро.

Едно е сигурно, кој и да ги носи овие чизми нема да остане незабележан, според Informer.