
Крем супа од моркови со ѓумбир е вистинскиот избор за здрав и вкусен оброк. Сладоста на морковите и зачинетата свежина на ѓумбирот создаваат совршена рамнотежа на вкусови.
Особено е вкусна кога се служи со крцкав тост што го комплетира искуството. Лесна, хранлива и богата со витамини, оваа супа е идеална за секој ден.
Состојки
400 г моркови
компири
ѓумбир
1 црвен кромид
1 лажичка свеж ѓумбир
морско оревче
2 лажици маслиново масло
1 лажица путер
1 лажичка сол
½ лажичка бибер
30 г тост
2 лажици павлака
Подготовка:
Ситно исечкајте го црвениот кромид и пржете го со морковите, компирите и ѓумбирот. Зачинете со сол, бибер, додадете мускатно оревче и додадете вода. Гответе 30 минути. Исечете го тостот на коцки, а потоа препечете го. Изблендирајте го сварениот зеленчук. Послужете ја готовата супа со коцки тост и павлака.