
Ви треба:
250 г мелени бисквити
250 г шеќер
210 г маргарин
150 г мелени ореви
100 г грубо сечкани ореви
100 г чоколадо
18 лажици вода
Подготовка:
Сварете шеќерот и водата. Тргнете од оган и додадете маргарин, мешајте додека не се стопи. Додадете мелени ореви, бисквити, сечкани ореви и промешајте. Додадете стопено чоколадо и добро измешајте додека не добиете мазна смеса. Истурете во мал сад за печење и избоцкајте ја површината со вилушка. Ставете во фрижидер да се стегне, а потоа исечете на коцки.