
Потребно е:
113 гр крем сирење
125 гр путер од кикирики
120 гр шеќер во прав
100 гр чоколадо
мелени кикирики
Подготовка:
Прво ја подготвувате смесата. Во сад измешајте крем сирење, путер од кикирики и шеќер во прав. Изматете ја смесата додека не стане кремаста. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер половина час. Потоа извадете ја смесата од фрижидер и со лажица одвојте ги парчињата од смесата. Со раце обликувајте топчиња. Се валкаат во мелени кикирики и се топи чоколадото со една лажица масло на тивок оган. Со глазурата прелијте ги топчињата и декорирајте со шарени трошки по желба.