Доколку со некого сте во врска подолго време, следниот логички чекот е започнување на заедничкиот живот. Освен што почесто ќе се гледате, така ќе заштедите на време и пари бидејќи ќе ги поделите трошоците, а ќе видите и како функционирате заедно.
Од друга страна, може да се случи и заедничкиот живот да се испостави како лоша идеја. Овие знаци укажуваат дека сте во таква ситуација:
- Започнавте да живеете заедно од финансиски причини
Многумина изнајмуваат стан и одлучуваат да живеат заедно со партнерот од финансиски причини, но колку и да е тоа добра идеја за вашиот буџет, тоа е лошо за врската. Во почетокот, паровите сакаат се повеќе време да поминуваат заедно, но подоцна може да дојде до кавги и расправии и несогласување. Во овој случај, најдобро е да се раздвоите, што не значи дека треба да ја раскинете врската.
- Бевте посреќни пред заедничкиот живот
Доколку сфатите дека сте посреќни пред да почнете да живеете заедно, раздвојувањето би можело да го реши проблемот. Дали бевте задоволни и предходно од вашата врска и однос? Дали се чувствувате лошо за заедничкиот живот? Доколку одговорот е да, вратете се на стариот начин на функционирање, и погрижете се да ја поправите врската.
- Вашите распореди и друштвени потреби, не се поклопуваат
По вселувањето може да се случи да сфатите дека вашите начини на живот се некомпатибилни и дека мора да се ускладите со партнерот како знаете и умеете. Доколку еден од вас работи трета смена, а другиот регуларна смена, можеби би било подобро, поради мирот и стабилноста, да живеете одвоено. Исто така, доколку едниот од вас е екстроверт и сака да има луѓе на посета и да прави забави, додека другиот е интроверт и сака да има простор и време само за себе, најпаметно би било да живеете одвоено.