Познатата уметница се огласи по повод смртта на актерот со кој беше во врска неколку години во текот на осумдесетите.
Шер и Вал Килмер беа еден од најпопуларните парови во средината на осумдесетите, по што таа започна врска со неговиот агент, а актерот набрзо ја запозна и поранешната сопруга Џоан Воли.
И покрај тоа, тие останале блиски пријатели, а на Вал му се слошило токму во нејзиниот дом, по што дознал дека боледува од тешка болест.
Иако успешно се опорави од рак, последните години ги помина во изолација и немаше многу новости за неговата состојба. Сепак, вчера неговата ќерка ја потврди тажната вест, наведувајќи ја пневмонијата како причина за смртта.
Во оваа прилика се огласи и Шер која на социјалните мрежи испрати емотивни зборови:
“Валус! Ќе ми недостигаш. Беше смешен, луд, напорен, но и одличен пријател. Децата те сакаа. Брилијантен како Марк Твен, храбар за време на болест”, напиша пејачката на својот X профил.
VALUS
Will miss u,U Were Funny,crazy,pain in the ass,GREAT FRIEND,kidsU,
BRILLIANT as Mark Twain,
BRAVE here during ur sickness— Cher (@cher) April 2, 2025