
Судејќи според фотографиите од модните писти, како и понудите на популарните брендови за облека – димиите се повторно во мода. Тоа е модел кој секогаш ги дели мислењата на жените.
Шалварите се панталони со екстремно широки ногавици, спуштен преден дел и стеснети кај глуждот каде што обично се врзуваат со панделки.
Некогаш биле популарни во Отоманската империја, па затоа се нарекуваат и турски панталони или харемски панталони.
Иако се многу широки и удобни за носење, тие секогаш ги делат мислењата на жените на социјалните мрежи. Едната страна ги сака и често ги носи, додека другата страна во голема мера ги избегнува.

Тие се наоѓаат и во есенските колекции од оваа година, и најчесто се комбинираат со елегантни блузи, кратки јакни и чевли со високи потпетици. Може да се комбинираат за дневни и вечерни пригоди.
На пазарот може да се најдат различни варијации на шалвари – од типичен тексас со спуштен преден дел до посуптилни силуети во форма на балон. Што мислите вие, дали ќе ги следите мислењата или ќе се препуштите на удобноста и слободата кои ја даваат овие панталони?
