ШПАНСКИ ОМЛЕТ: Евтино, брзо јадење кое нема да можете да престанете да го јадете

popara7 август, 20251min00
121431_omlet-od-krompira-1_f

Ви треба:

6 јајца
5 млади компири
1 кромид
сол, масло
магдонос за посипување (по желба)

Подготовка:

Излупете ги компирите и кромидот, исечкајте ги на коцки. Загрејте малку масло во тава, пропржете го кромидот, додадете ги компирите и пржете на тивок оган додека не омекнат. Исцедете го маслото. Изматете ги јајцата со вилушка, додадете сол по вкус. Додадете ги пржените компири и кромидот, измешајте. Загрејте две лажици масло во тава и прелијте ја смесата. Пржете од двете страни додека не поруменат. Сервирајте наросено со сечкан магдонос.