
Уживањето во пиво на крајот од денот може да изгледа безопасно, но секојдневното консумирање може да биде доста штетно за вашето здравје, предупредуваат експертите.
Пиењето пиво секој ден може да го ослабне вашиот имунолошки систем со иритација на слузницата на цревата и нарушување на нивниот микробиом. Освен што ве тера почесто да настинувате, може да ги влоши и алергиите, проблемите со кожата, да го забави метаболизмот, па дури и да ги влоши автоимуните состојби.
Квалитетниот сон е витален дел од нашето ментално и физичко здравје, но дневното консумирање пиво го нарушува сонот. Особено, ја нарушува REM фазата на спиење, која е клучна за емоционалната регулација и меморијата.
Дневното консумирање пиво може да ги оштети и вашите заби. Содржи ферментирачки јаглехидрати кои ги хранат бактериите во устата одговорни за формирање на забен плак.
Кога пиете алкохол, свесно го изложувате вашето тело на токсин, што доведува до акумулација на висцерални масти. Со текот на времето, ова може да предизвика замастен црн дроб и инсулинска резистенција. Алкохолот е поврзан и со седум различни видови на рак и може да предизвика метаболички нарушувања, објавува klix.