
Никола Јокиќ и неговата сопруга Наталија уживаат во љубовта уште од тинејџерските години, а се венчаа во 2020 година.
Наталија од самиот почеток му беше голем поддржувач на Никола, а во Америка замина во 2013 година да игра одбојка на колеџ во Оклахома. Кога Јокиќ потпиша со Денвер во 2015 година, таа му се придружи и продолжи да му биде поддршка. Иако имаше понуди од Евролигата, Никола избра НБА за да биде со неа.
Наталија подоцна ја напушти одбојката и дипломираше на Државниот универзитет Метрополитен Стејт во Денвер во 2018 година. На Јокиќ му било полесно да се прилагоди на новиот живот во Америка бидејќи живеел со своите браќа и девојката.
– Моите браќа и мојата девојка дојдоа со мене, па се обидовме да го направиме нашиот дом овде и да не дозволиме разликите да не попречат. Го сакам Денвер како град, тој малку ме потсетува на мојот роден град Сомбор, бидејќи ја сакам природата, планините, реките и дрвјата“, изјави тогаш најдобриот светски играч за магазинот SLAM.
Двојката се вери на почетокот на 2020 година, а свадбата следеше девет месеци подоцна. Секако, локацијата беше во Сомбор, меѓу луѓето во чие опкружување се чувствуваат најудобно. Свадбата претходно беше закажана за јуни, но бидејќи беше период на пандемијата, прославата беше одложена за октомври.
Во септември 2021 година, Никола и Наталија станаа родители, ја добија ќерката Огнена, а во ноември минатата година го добија синот Игњат. Натпреварите на Денвер во голема мера беа одбележани со снимки од ќерката на најдобриот играч на светот облечена во јакна со неговиот број и презиме.