Ќерката на Стив Џобс се мажи ова лето: На венчавката ќе присуствуваат многу познати личности

popara5 јуни, 20252min00
b_250604178

Ќерката на основачот на Apple, Ив Џобс е во завршна фаза од планирањето на својата венчавка.

Летната церемонија е закажана за август, а Џобс ќе му каже „да“ на британскиот олимпиец Хари Чарлс во англискиот Котсволдс, пишува Page Six.

Се очекува на листата на гости да се најдат многу познати личности како принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели Моци, Камала Харис, како и ќерката на Бил Гејтс.

Меѓу членовите на семејството кои се очекува да присуствуваат се постариот брат на Ив, Рид и сестрата Ерин, додека присуството на нивната полусестра Лиза, ќерката на Стив од првиот брак, сè уште не е сигурно.

View this post on Instagram

A post shared by Eve Jobs (@evejobs)

Ив е најмладата ќерка на Стив, а приватниот живот го држи подалеку од јавноста. Таа дури минатото лето на Инстаграм ја потврди врската со Хари Чарлс, каде објави видео од Олимпијадата во Париз на која го бакнува откако освои злато.

„Горда сум на мојата љубов“, напишала Ив во тогашниот опис на нејзината објава.

Пред Хари, беше во врска со Хари Хадсон како и со Дру Тагарт.