
Компирите се зеленчук кој може да се подготви на многу начини, а како прилог можете да ги послужите со секое јадење. Нема кој би одбил помфрит, печен компир, пире или полнети… Со нив можете да направите и јадења како мусака, компир манџа…
Подготовката на компири не е воопшто комплицирана, а дополнителен плус е тоа што не чини многу. Но, без разлика колку е лесно да се подготви, секогаш постојат трикови кои можат да го подобрат неговиот вкус.
Џејми Оливер откри како печениот компир да биде крцкав, а американскиот готвач ја сподели тајната на кремастото пире од компири. Но, дали знаевте што да додадете во водата во која се варат компирите за да се сварат побрзо и да бидат подготвени?
Во тенџере сипете вода и на самиот почеток додајте една лажица масло или путер, па дури тогаш компирот и водата побрзо ќе зовријат и на тој начин ќе го забрзаат процесот на готвење. Исто така, компирот ќе има подобар вкус.