
Џим Кери речиси го загубил животот за време на снимањето на „The Truman Show“ поради сцена на море во која, поради силна вештачка бура и натопена волнена облека, почнал да се дави, додека спасувачите го сфатиле неговиот повик за помош како дел од неговата глума.
Снимањето на култниот филм на Питер Вир барало исклучителна посветеност од Кери, но во исто време го довело во сериозна опасност. Иако бил опкружен со професионалци и со сите преземени безбедносни мерки, последната сцена на отворено море речиси завршила фатално.
Во таа сцена, Труман се бори со бура додека плови во чамец, а силни ветрови и бранови, создадени со помош на големи машини, го удираат пловилото.
- Носев волнена облека, голем волнен џемпер, волнени панталони и чевли. Имаа млазни мотори што дуваа кон мене и огромни машини за бранови што создаваа бури. Оптоварен со влажна волна, почнав да тонам и ја кренав раката како сигнал за помош, но нуркачите го сфатија тоа како глума – изјави Кери за Vanity Fair, објавува списанието Far Out, додавајќи:
- Не можев да земам воздух, се давев. Бев под вода на дното од базенот.
Со последниот здив и „последното навестување на свеста“, тој успеа да доплива до ѕидот на кој беше насликана границата на Трумановиот свет. Држејќи се за работ, тој чекал бурата да престане. Кога конечно го забележале, членовите на екипажот се стрчале кон него.
Режисерот Питер Вир ја потврди приказната на Кери и ја нагласи сериозноста на ситуацијата.
- Инцидентот во базенот во Universal Studios за кој зборува Џим се случил точно како што рекол. Непотребно е да се каже дека ги сменивме нашите безбедносни процедури – рече Вир.
Иако исплашен и вознемирен, Кери продолжил да снима по инцидентот и завршил неколку снимки, а Вир го опиша целиот настан како „исклучително сериозен“.
- Речиси умрев – рече актерот.