Џон Малкович ќе го има своето деби на Марвел Cinematic Universe оваа година во Fantastic Four: First Class, во кој игра непознат лик. Сепак, ова не е прв контакт на славниот актер со Марвел.
Во новото интервју за GQ, Малкович откри дека во текот на годините му биле понудени различни улоги во Марвел, но сите ги одбил бидејќи не бил задоволен со платата.
„Не одбив такви филмови од уметнички причини“, рече Малкович. „Воопшто не ми се допаднаа условите од договорот. Снимањето такви филмови е прилично исцрпувачко. Ако шест месеци висам од кран пред зелен екран, сакам добар хонорар. Ако нема да ми платите, добро, тогаш нема да го снимам тој филм затоа што повеќе би сакал да бидам на сцена или да режирам претстава или да работам нешто друго“, пренесува Variety.
Она што особено го изненади Малкович е откритието дека снимањето на „Fantastic Four“ не е толку различно од работата во театар затоа што „замислуваш еден куп работи што ги нема и правиш своја мала претстава“, вели тој. Дополнително, тој беше воодушевен што повторно ќе соработува со режисерот Мет Шаман, со кого работел во 2014 година.
Иако се уште не е потврдено кој ќе игра Малкович во Fantastic Four, љубителите на стриповите на Marvel веруваат дека тој ќе го портретира негативецот Иван Крагоф, познат и како Црвениот дух.
Крагоф е советски научник кој се обидува да ја повтори несреќата што ја доживеа Фантастичната четворка во вселената за да добие слични моќи.