Дизни го претстави првиот официјален трејлер за играниот филм „Lilo & Stitch“, нова верзија на анимираниот класик од 2002 година.
Режисер на играниот филм е Дин Флејшер Камп, познат по филмот „Marcel the Shell with Shoes On“, додека сценариото го напишаа Крис Кеканиокалани Брајт и Мајк Ван Вејс.
Во филмот глумат Маја Кеалоха како Лило, Сиднеј Елизабет Агудонг како нејзината постара сестра Нани и Крис Сандерс, кој го гласи Стич, како и во оригиналниот анимиран филм.
Приказната на филмот ја следи осамената девојка, Лило, која посакува најдобар пријател кога ќе види ѕвезда што паѓа. Нејзината желба се остварува на неочекуван начин кога „синиот вонземјанин“ по име Стич, познат како Експеримент 626, ќе слета на Хаваите.
Покрај главните ликови, во трејлерот се појавуваат и клучните ликови од оригиналниот филм, како што се агентот Кобра Баблс, кој го игра Кортни Б. Венс и вонземјанските научници Џамба и Плекли, кои ги толкуваат Зак Галифианакис и Били Магнусен. Во филмот се појавува и Тиа Карере, која му даде глас на Нани во оригиналниот филм. Реакциите за трејлерот за „Lilo & Stitch“ досега беа главно позитивни.
„Ова е единствениот римејк на Дизни за кој сум возбуден“, „Стич изгледа одлично и навистина е носталгично да се видат овие сцени повторно“, „Мило ми е што Дизни не го уништи ова, Стич ми го одбележа детството“, „Ова ќе биде најдобриот римејк во живо“, беа само дел од коментарите на трејлерот.