Брзо и лесно: Чоколадна торта од 3 состојки

popara24 јуни, 20251min00
f571030837c864566a7bb05bccfe3bc011b724e6

Состојки:

2 зрели банани
4 јајца
250 гр темно чоколадо (без шеќер или намален шеќер)

Подготовка:

Ако барате брз, поздрав десерт без брашно и додаден шеќер, ова е вистинската работа за вас. Направен е само со три основни состојки кои веројатно веќе ги имате дома: банана, јајца и темно чоколадо. Резултатот е богата, мека и чоколадна торта која е одлична како закуска или како лесен десерт со кафе. Најдобро од сè – може да се јаде и топло и ладно, а уште повкусно е кога е во фрижидер.

Растопете 150 гр чоколадо на двоен котел или во микробранова печка и оставете малку да се излади. Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги жолчките со растопената чоколада додека не добиете изедначена смеса. Во посебен сад изматете ги белките со миксер додека не се формираат цврсти врвови. Внимателно додајте ги белките во чоколадната смеса и измешајте ги со рака со лесни движења со жица за матење или шпатула.

Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 160°C околу 30 минути.

Додека се пече кората со рачен блендер или вилушка изгмечете ги бананите. Растопете ги преостанатите 100 гр чоколадо и измешајте го со испасираните банани додека не добиете мазен фил. Кога кората ќе се испече и излади, прелијте ја со подготвениот фил и ставете во фрижидер да се стегне.

Откако ќе се излади, исечете ги на коцки и послужете.