Како да изберете костим за капење: Ако имате неколку килограми вишок, не се кријте под туника, овие модели се најдобри за вас

popara13 јуни, 20251min00
125906_kupaci-plaza-more-shutterstock-2018589143_f

Ако имате вишок килограми, не го кријте телото под маица на плажа или во едноделен костим за капење. Дводелните костими за капење се совршени за дами со пополно тело, бидејќи на вистински начин ги истакнуваат вашите облини. Кои се тие модели?

Долен дел до половината

Сега се модерни подлабоките модели на гаќички, до половината, а оние од цврст материјал ќе го затегнат стомакот и колковите. Моделите кои имаат карнери на колковите или во форма на здолниште ќе кријат широки колкови.

Лелеави карнери

Горниот дел од костимот за капење кој е во форма на кратка маичка, со карнери на ракавите е интересен и ќе го привлече вниманието на тој дел од телото, додека сиот тој материјал цврсто ќе ги држи градите на своето место.

Обрнете внимание на моделот

Доколку сакате шарени костими за капење, изберете дезени со мали точки или ѕвездички, како и вертикални линии, кои визуелно издолжуваат. Дезени од зебра и леопард се погодни за вас, бидејќи нема да ве направат пошироки.

Класика е секогаш безбеден избор

Црното бикини е секогаш добар и безбеден избор. Моделот со цврсти корпи ќе ги држи вашите гради подигнати, а долните делови кои се повисоки ќе го сокријат вашиот стомак. Црната боја визуелно ги намалува вашите облини.