Без оглед на искуството и годините, многу работи ве спречуваат за целосно да уживате во сексот? Дознајте кои се најчестите заблуди кои ги имаме за сексот.
СЕКСОТ ВО ВОДА Е БЕЗБЕДЕН
Постои голема опасност од инфекција ако сте во вода. Водата ги мие природните лубриканти и во вагината можат да настанат ранички низ кои продираат бактерии. Исто така, кондомите можат да се оштетат од топла вода, сапуница или хлор и доаѓа до нивно пукање. Ако сакате да доживеете оргазам во вода, лекарите советуваат рачна стимулација без пенетрација.
ПОРНО ФИЛМОВИТЕ НЕ ГИ ВОЗБУДУВААТ ЖЕНИТЕ
Токму спротивното, порно филмовите ги возбудуваат жените. Тоа е физички одговор на еротска слика. Погледнете со партнерот некој еротски филм, опуштете се и експериментирајте. Тоа може само да го подобри вашиот сексуален живот.
ГОЛЕМИНАТА Е ВАЖНА
Многумина мислат дека големината на пенисот е пресудна за добар секс. Меѓутоа, големината не гарантира уживање. Сексот може да биде непријатен или болен, а и тешко може да ја погоди Г-точката. Доколку партнерот има мал пенис, мисионерската поза е идеална за вас. А за да имате поголема стимулација и контакт, жената треба да ги обвитка своите нозе околу грбот на партнерот.
МАЖИТЕ САКААТ ЗГОДНИ ЖЕНИ
Една од најголемите заблуди е дека мажите ги возбудуваат само супер модели или дека уживаат во сексот само со жените кои имаат совршено тело. Во реалниот живот добриот секс нема никаква врска со совршеното тело. Мажите најмногу ги возбудуваат жени кои се задоволни со своето тело и кои знаат да уживаат во сексот.
ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ СЕКС НА БРЗИНА
Ова е уште една заблуда. Понекогаш и на жените им е потребно да се препуштат на грубиот и брз секс. Истражувањата покажуваат дека на жените понекогаш им се доволни 10 секунди за да се возбудат.
МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЖИВЕАТ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ОРГАЗАМ
Мислите дека мажите не можат да имаат повеќе од еден оргазам во текот на сексуалниот чин? Погрешно! Мажите имаат физички ограничувања во брзината на производство на нови сперматозоиди, но тие можат повеќе пати да доживеат оргазам во текот на сексот.