Доколку планирате летово да патувате во Грција, треба да имате на ум дека стапија на сила новите правила кои ја заменуваат претходната туристичка такса.
Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да управуваат со бројот на туристите, а Грција им се придружи оваа година.
Нови даночни износи
Висината на таксата зависи од видот на сместувањето и периодот од годината, а во текот на главната туристичка сезона се наплаќа по ноќевање и ќе изнесува:
Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 €
Хотели со 3 ѕвезди: 5 €
Хотели со 4 ѕвезди: 10 €
Хотели со 5 ѕвезди: 15 €
Апартмани, соби, станови (вклучувајќи Airbnb): 8 €
Куќи и вили поголеми од 80 m²: 10 €
Вон сезона (ноември – март), износите се значително помали:
Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 €
Хотели со 3 ѕвезди: 1,50 €
Хотели со 4 ѕвезди: 3 €
Хотели со 5 ѕвезди: 4 €
Апартмани и соби: 0,50 €
Куќи и вили: 4 €
Патнички такса за крстарење
Новина е и данокот за патниците кои пристигнуваат со крстарење: за Санторини и Миконос: 20 евра по лице, дневно, други острови и Атина: 5 евра по лице, дневно.
Приходите собрани од овие такси, заедно со зголемените даноци за краткотрајниот престој во сместувачките капацитети и хотелите, ќе бидат насочени кон иницијативи кои ја подобруваат одржливоста и ги решаваат еколошките прашања низ Грција.
Големиот број туристи врши притисок врз локалната инфраструктура, што доведува до сообраќаен метеж и преполни пешачки зони. Миконос, со население од околу 12.000, беше домаќин на осум бродови за крстарење и 20.000 патници за само еден ден во август 2024 година, што укажува на итна потреба за подобро управување со ресурсите.
Во септември 2024 година, грчките власти ги предложија овие даноци за пристигнување, нагласувајќи ја нивната употреба за подобрување на инфраструктурата и одржливи проекти на повеќе дестинации. Тие ја разгледаа и можноста за дигитален систем за распределба на места за бродови за крстарење, иако овој план се уште се чека на одобрување од парламентот, пренесува Б92.