Исхраната богата со хранливи материи, како што е овошјето, може да помогне во одржувањето на здрав кардиоваскуларен систем. Според кардиологот д-р Баскар Семити, одредени видови овошје помагаат во чистењето на крвните садови од масни наслаги, како што се холестеролот и триглицеридите. Тој ги препорачува овие две овошја за намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Боровинки
Тие се особено богати со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на артериите од оксидативен стрес и воспаление. „Оксидативниот стрес е еден од клучните фактори во формирањето на плаки во артериите“, вели кардиологот за „She Finds“. Вклучувањето на боровинки и други бобинки во вашата исхрана може да помогне во намалувањето на стресот, а со тоа да се подобри здравјето на срцето.
Важно е да се запомни дека одржувањето на здравјето на срцето, покрај балансираната исхрана, бара и промени во животниот стил, како што се редовно вежбање, намалување на стресот и избегнување на штетни навики, како што е пушењето.
Цитрусни плодови
Цитрусните овошја, како што се портокалите и лимоните, се богати со витамин Ц, кој ги штити клетките од оштетување. „Витаминот Ц игра клучна улога во спречувањето на натрупување на плаки во крвните садови“, објаснува кардиологот. Редовното консумирање портокали, грејпфрут, лимони може да помогне во зачувувањето на здравјето на артериите.