
Ќе ви треба:
170 мл млеко
30 г квасец
1 лажичка шеќер
1,5 лажички сол
50 мл масло
100 мл јогурт
1 јајце
1 белка
600 г брашно
300 г шунка
100 г путер
1 жолчка
сусам
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Загрејте го млекото во сад додека не стане топло, потоа тргнете го од оган и додадете го издробениот квасец, шеќерот и брашното. Потоа оставете околу 20 минути за квасецот да нарасне. Истурете го нараснатиот квасец во поголем сад и додадете го јајцето, маслото, јогуртот, белките, брашното и солта. Замесете го тестото од состојките и оставете го да отстои околу 40 минути. Потоа поделете го нараснатото тесто на 2 еднакви делови. Секој дел расукајте го во круг што е можно поголем и исечете го на 16 делови. Ставете парче шунка на секое и завиткајте во кифли. Потоа наредете ги кифличките во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ја секоја кифла со изматена жолчка од јајце, потоа прелијте ја со растопен путер и наросете со сусам. Печете ги кифлите околу 15 до 20 минути, во рерна загреана на 220 степени.