ТОРТА СО ТИКВА: Дури и најмладите ќе ја обожаваат, а е готова штом ќе трепнете

popara25 јануари, 20261min00
shutterstock_2512644689

Ќе ви треба:

1 јајце
150 г печена тиква
50 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
60 г масло
220 г млеко
280 г брашно
1/2 лажичка цимет
1 кесичка прашок за пециво

Подготовка:

Во сад, изматете ја печената тиква со јајцето. Потоа додадете ги шеќерите, маслото, млекото, брашното, циметот и прашокот за пециво. Потоа намастете ја машината за вафли. Кога ќе биде жешка, истурете ја смесата и испечете го колачот. На крај, посипете го готовиот десерт со шеќер во прав.