
Ќе ви треба:
600 мл млеко
2 лажици брашно
70 г путер
сол
бибер
Подготовка:
Во тенџере или длабок тавче ставете го омекнатиот путер, потоа растопете го на средна температура, потоа додадете го брашното и мешајте нежно, додека сè добро не се соедини. Загрејте го млекото, но внимавајте да не зоврие. Тргнете го тенџерето од шпоретот пред млекото да зоврие. Во тенок млаз, полека истурете го млекото во тенџерето со путерот и брашното, мешајќи постојано со жица за матење. Температурата на шпоретот треба да биде средна. Не го истурајте целото млеко одеднаш. Тајната за кремаст бешамел е постепено да го додавате млекото во путерот и брашното. Кон крајот на готвењето, додадете сол во сосот и, по желба, додадете свежо мелен бибер ако го сакате малку полуто, и мускатно оревче за посебна арома.