Брз ручек за целото семејство: Кремасти макарони со сирење, готови за миг

popara31 јануари, 20261min00
1159329_shutterstock-2024713793_iff

Ако немате идеја што да подготвите, а немате ниту време, ниту волја да останете долго време во кујната, пробајте го овој рецепт за кремасти макарони.

Ако барате идеја за вкусен ручек што ќе ги воодушеви и возрасните и децата, еве еден рецепт за брза печена тестенина со сирење. Освен што е брзo и леснo за подготовка, ова јадење е одлично и кога е оладено, а најдобро оди со освежителна салата.

Состојки:

500 г тестенини
500 мл павлака за готвење
250 г свежо крем сирење (може и посно)
150 г рендана моцарела
150 г рендана гауда
1 јајце
презла по желба
сол, бибер, оригано
лажица путер
лажица брашно

Подготовка:

Сварете ги тестенините и загрејте ја рерната на 200 степени. Пржете го брашното во путер, а потоа додадете ја павлаката за готвење. Мешајте постојано за да спречите грутки. Додадете зачини по желба.

Потоа изматете го јајцето со крем сирењето, па додадете го во загреаната павлака за готвење. Добро измешајте. На крај, додадете ги гаудата и моцарелата. Мешајте додека не се стопи. Измешајте со тестенините, ставете во сад за печење и посипете со малку лебни трошки за крцкавост, по желба.

Печете околу 30 минути.