
Премиерата на филмот „Злосторство 101“ се одржа пред неколку дена во Лондон, а ѕвезда на вечерта беше холивудската актерка Хали Бери.Таа годинава ќе наполни 60 години, а со својот синоќешен изглед покажа дека старее како вино.
Хали Бери ја покажа својата беспрекорна фигура во моќна комбинација на која многумина би ѝ завидувале.
Горниот дел од стајлингот беше тесно црно боди со долги ракави од Илкјаз Озел и длабок V-изрез што допираше под градите. Беше привлечен, но никако вулгарен.Актерката го „зачини“ горниот дел од облеката со долга огрлица со цветен привезок.
Долниот дел од стајлингот на актерката се состоеше од сребрено макси здолниште целосно украсена со скапоцени камења, што додаваше разиграност на целиот аутфит.
Актерката целиот аутфит го искомбинира со црни платформи, а носеше и масивни прстени како накит.

Актерката претходно изјави дека „привилегија е да се старее“, а со својот изглед гледаме како таа ѝ пркоси на природата.
- Се чувствувам добро во својата кожа, се грижам за неа. Секоја брчка што ја имаме е дел од нашата убавина додека старееме, нагласи холивудската ѕвезда.