Домашна маска од лен која ја штити косата од оштетување од сонцето

popara16 февруари, 20261min00
Домашна маска од лен која ја штити косата од оштетување од сонцето

Сè што ви треба се две состојки што ќе ги комбинирате и ќе добиете моќна маска за нега на коса.

Сјајна, густа и лежерна коса што е отпорна на секое оштетување – тоа е сон на секоја жена. Летото остава трага на нашата коса, па затоа е неизбежно да се потстрижиме.

Но, постои маска направена од 2 состојки – вода и лен, која можете да ја направите дома вака:

Потребни ви се:
500 мл вода
3 лажици ленено семе

Подготовка:
Истурете вода во тенџере.
Додадете 3 лажици ленено семе.
Ставете на шпорет да зоврие околу 4 минути.
Оставете да се олади.
Процедете и нанесете на косата.
Завиткајте со кеса, потоа со крпа и почекајте 2 часа.
Измијте ја косата со шампон и ладна вода.