
Заситувачка и вкусна, ќе ви даде енергија за целиот ден.
Ќе ви треба:
1 китка сремуш
4 мали компири
800 мл бујон
200 мл павлака за готвење
1 кромид
2 чешниња лук
1/2 лажичка сол
100 г путер
Подготовка:
Динстајте ги сечканиот кромид и лукот со излупените и исечени компири на мали парчиња. Додадете ја супата и павлаката за готвење. Додадете сол по вкус. Гответе додека компирите не омекнат. Исечкајте го сремушот, ставете ги во тенџере и гответе 5 минути. Изблендирајте ја супата со рачен блендер до саканата густина и декорирајте со сечкан сремуш.