
Изгледот на австралиската филмска ѕвезда за време на промоцијата на „Орковски височини“ беше инспириран од викторијанскиот стил, и таа го изведува маестрално во секоја прилика. Сепак, таа имаше нешто посебно за премиерата во Париз…
Филмот „Орковски височини“ конечно пристигнува, а пред да се појави во кината, екипата го претставува на премиери низ целиот свет, па вчера го имаше своето прво прикажување во Франција.

Марго Роби, која драстично го промени својот стил за да го промовира филмот, изгледаше фантастично како и секогаш на премиерата во Париз, а медиумите објавија дека изгледала како викторијанска аристократка.

Австралиската актерка, која ја игра главната женска улога во „Оркански висови“, пристигна на црвениот тепих во фустан од “Шанел”. Стануваше збор за класичен балски фустан, луксузен модел во бордо боја со тенки прерамки и длабоко деколте, чиј долен дел беше драматично искомбиниран со бел матријал.
Плишаниот материјал, секогаш актуелен во зимската сезона, дава посебен шарм, допир на ретро стил и елеганција, а Марго донесе и подеднакво импресивен накит.Околу вратот на една од најубавите актерки на планетата, блескаше чокер од куќата за накит Лорејн Шварц, направен од црвен плишан материјал во нијанса на фустанот, со скапоцен дијамант во средината.Станува збор за масивен дијамант со боја на шампањ, со тежина од дури 85 карати, кој модните портали го опишуваат како гол дијамант, поради неговата топла, неутрална боја. Опкружен е со прстен од мали дијаманти, а под него виси уште еден голем дијамант во облик на солза.